Ајнтрахт Франкфурт ја загуби жалбата за забраната на навивачите на клубот да го бодрат својот тим против Арсенал во Лондон на крајот на месецот во меч од Лигата на Европа.

Дисциплинскиот одбор на УЕФА им забрани на навивачите на германскиот тим да присуствуваат на двата гостински натпревари на нивниот омилен тим заради хулиганството на натпреварот против Виторија Гимараеш во Португалија претходно оваа сезона.

Првата средба од санкцијата заврши со гостувањето од групата „Ф“ на турнирот против Стандард Лиеж, а вториот натпревар е имено против Арсенал на 28 ноември. Ајнтрахт нема право да продава билети за дуелот во Лондон.


Администратор
14/11/2019 20:27