Одроните кај месноста „Драките“ кои вчера направија застој во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани се расчистени и сообраќајот се одвива нормално. Сепак од ЈП „Македонија-пат“ апелираат на претпазливост до возачите на овој патен правец, бидејки поради влагата можна е ваквата појава да се повтори.

-Наши екипи ја следат состојбата, редовно прават обиколка на овој терен кој е доста специфичен и при појава на поројни дождови е подложен на одрони. Поради ова останува апелот до возачите да внимаваат при движење на овој патен правец, бидејки освен што теренот е под вода, на места се вози и по влажни коловози, велат од ЈП „Македонија пат“.

Според надлежните во претпријатието, истото важи и за патниот правец Виница-Берово, каде во одредени делови од патниот правец присутна е и појава на магла.

Подобра состојбата на патиштата, како што додаваат, се очекува со подобрувањето на временските услови, кои засега не им одат во прилог на возачите.


Администратор
14/11/2019 14:46