Десетте скопски општини имаат можност да се пристапат кон ЕБОР и Зелениот климтски фонд на финансирање. Денеска средба ќе одржат претставници од Програмата ЕБОР Зелени градови со претставници на Владата, Градот Скопје и неговите општини, за да ги одредат приоритетите за градење на подобра и поодржлива иднина на главниот град и на неговите жители. Со ова, ќе започне првата фаза на имплементација на Акцискиот план за зелени градови.

Скопје е веќе еден од 35-те града кои се приклучени кон Програмата ЕБРД Зелени градови, а ова е првпат на општините да им се понуди директен пристап на концесиско финансирање од ЕБОР и Фондот за зелена клима.

Во соопштението од ЕБОР стои дека загадувањето на воздухот е критичен проблем во Скопје, но оти ЕБОР работи со општинските лидери приоритетно да го разреши.

– Скопје се приклучи кон оваа програма во март 2019, кон која брзо пристапуваат и други градови во државите каде ЕБОР има свои канцеларии. Скопје ќе биде првиот град во Северна Македонија кој ќе развие Акциски план и ќе помогне во идентификување, приоритизирање и справување со најважните еколошки предизвици, се наведува во соопштението.

До сега Градот Скопје преку Акцискиот план за Зелен Град (АПЗГ), развиен со помош на ЕБОР, има инвестирано во еколошки автобуси со цел да се справи со загадувањето на воздухот, а планира да направи подобрувања на системот за прочистување на отпадните води.

-Врз основа на добрата имплементација на АПЗГ, систематската програма на инфраструктурни подобрувања ќе му помогне на градот, кој сега се наоѓа во фаза на имплементација. ЕБОР работи и со десетте скопски општини, на имплементација на визијата на Скопје и неговата еколошки одржлива иднина, стои во соопштението.

Посочуваат дека состанокот со градоначалниците се одржа во Владата на Република Македонија и претставува можност градоначалниците на општините Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Шуто Оризари, Сарај и Чаир да ги одредат своите приоритети.

Целта на состанокот е да се претстават можностите за финансирање на општинските еколошки проекти преку Програмата ЕБОР Зелени Градови, да се разговара за еколошките предизвици на општинско ниво, преку имплементација на проекти во секторите, вклучувајќи јавен транспорт, градење енергетска ефикасност, менаџирање вода и отпадна вода, цврст отпад, општинско греење, општински енергетски систем, улично осветлување и патишта.

ЕБОР Зелени градови е програма вредна 950 милиони евра, која нуди сеопфатен бизнис модел за зелен урбан развој, комбинирајќи стратешко планирање со инвестиции и техничка помош. Во јули 2019 година, потпишан е договор со Зелениот климатски фонд (ЗКФ) во износ од 87 милиони евра, за поддршка на програмата во девет држави, вклучувајќи ја и Македонија.

ЗКФ е најголемиот светски фонд кој ги поддржува напорите на справување со предизвиците на климатските промени на земјите во развој, со особено внимание на градовите.

ЕБОР се стреми да го зголеми обемот на финансирање во зелени проекти до 40 отсто од годишното инвестирање до 2020 година, кои се согласно обврските од 2015 Парискиот Договор.


Администратор
14/11/2019 14:35