Истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи се добитници на државната награда 22 Ноември која се доделува за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава.

Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници, како што соопшти Министерството за култура, се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на 22 ноември во 13 часот во Собранието на Република Северна акедонија.


Администратор
14/11/2019 14:31