Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев дрнеска даде отчет за сработеното во изминатите две години од мандатот.

Тој нагласи дека за овој период, реализирани се 90 проценти од четиригодишната програма. Се осврна на подобрените услови во комунална инфраструктура, образование, социјална заштита, спорт и култура и друго.

-Одличната соработка на советниците, независно на која партија припаѓаат, е показател за тоа како се работи во интерес на граѓаните, нагласи Јанчев.

Во печатеното издание на отчетот, се собрани најголемите реализирани проекти во изминатите две години.

Меѓу проектите за следната година се и тие за велосипедски патеки, велисипедско-пешачка патека до месноста Моклиште, атмосферска канализација во селата Возарци и Сопот, прочистителна станица за вода за пиење, реконструкција на зелен пазар, две спортски сали и една градинка.

– Ќе продолжиме да работиме водени од мотото Кавадарци на прво место, додаде Јанчев.


Администратор
14/11/2019 14:10