Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола гостува на светска ликовна изложба „Арт Експо 2019“ во Хонг Конг.

На изложбата претставени се дела од меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која традиционално се одржува во Битола, и на која последниве неколку години учествуваат и млади ликовни таленти од Хонг Конг.

На Art Next Expo 2019 македонската поставка беше раководена од Елена Хаџи Антонова како претставник на „Мал битолски Монмартр“, а во делегацијата на покана од ликовното студио и организаторот беше и Татјана Крнчева долгогодишен пријател и промотор на „Малиот битолски Монмартр“.


Администратор
08/11/2019 18:28