Прес конференција, Драко Димовски, член на ИО на ЛК СДММ Штип

Владата предводена од СДСМ ги креира и реализира политиките заедно со младинските организации и заедници.

Ги санираме последиците од штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години ги игнорираше младите и нивните потреби и со криминалните дејства го поттикнуваше масовното иселување на младите од државата.

Владата предводена од СДСМ со 16,5 милиони евра, ги стимулира програмите и мерките за вработување за млади во оваа 2019 година. Со овие мерки е овозможено вклучување на млади лица во различни обуки за стекнување знаења и за побарувани занимања на пазарот на трудот.

Стапката на невработеност падна на историски минимум од 17,5%, а особено важен е фактот дека пад на невработеноста е забележан најмногу кај младото население.

Владата предводена од СДСМ продолжува со зацртаните мерки кои обезбедуваат нови работни места, економски раст, повисоки плати и подобар животен стандард за сите граѓани. Наша цел е младите да се охрабрат сами да почнат сопствен бизнис, па затоа саками да им олесниме, за тие да се чувствуваат заштитени од државата кога ќе ги прават првите чекори кон тоа.

Преку Оперативниот план за вработување веќе се опфатени над 4000 лица.

Преку Гаранција за млади што годинава се спроведува на цела територија на државата, илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување.

Во тек е и проектот „Европска младинска картиска“, со кој се намалуваат трошоците з живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Последни во низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои се обезбедува преквалификација на 1253 невработени млади лица, а за оваа мерка се обезбедени над 35 милиони денари.

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за зголемување на квалитетот на живот за младите. Се бориме за да овозможиме подобри услови за младите во секоја област.

На прав пат сме. Така и ќе продолжиме.


Администратор
08/11/2019 00:49