ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира невистините изнесени на порталот „Цивил Медиа“ со наслов „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“.

Власта во паника шири лажни вести.

Преку ваквите лажни вести целта е да се предизвика мнение за споделување на одговорноста за поразот на заевите политики во ЕУ.

Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата.

Криминалниот октопод е извор на високата корупција на чие чело е токму Заев. И токму тоа е причината за моментната состојба во која е втурната Македонија.

Ваквите лажни вести нема да го амнестираат од одговорноста за поразите на земјата.


Администратор
20/10/2019 20:14