Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамки на акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ денеска беше на средби со граѓаните на Гази Баба.

Тој порача дека агонијата во нашата земја мора да запре а тоа ќе се случи единствено преку предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе му покажат на Зоран Заев каде му е местото во политиката.

- Денес сме во Автокоманда, во Општина Гази Баба во рамки на редовните активности кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија. Интерактивно од граѓаните ги собираме идеите и предлозите, за новата програма која што ја спремаме за сега веќе извесните предвремени парламентарни избори. Кои што вчера ги видовме со падот на Зоран Заев.

После победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори она што го собираме од граѓаните и што ќе го собереме во следниот период е основа на програмата по која што планираме да ги вградиме сите нивни идеи да ја обновиме Македонија.

Она што вчера Зоран Заев го кажа, практично го призна тоа што сите го знаат, а тоа е дека е готов, дека е историја, дека е минато и дека останува на најцрните страници на македонската историја. Со него е завршено. А, сега треба да видиме и да се обединиме за обнова на Македонија, затоа што граѓаните заслужуваат прво да им го вратиме достоинството, потоа економски да ја обновиме, и да живеат поубаво и посперитетно тука во Македонија, истакна Николоски.


Администратор
20/10/2019 18:04