Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Жиер Педерсен ќе разговара во Дамаск со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем, потврди неговата портпаролка.

Се очекува Педерсен да зборува за турската офанзива во североисточниот дел на Сирија.

Планирано е тој да се осврне и на подготовките за првиот состанок на Уставниот комитет за Сирија, кој треба да се одржи на 30 октомври во Женева.


Администратор
16/10/2019 13:30