Владејачката полска партија Право и правда, според конечните резултати од вчерашните избори, обезбеди тесно мнозинство во Долниот дом на парламентот, соопшти денеска Изборната комисија.

Партијата Право и правда, врз основа на 99,5 проценти преброени гласови, освоила 235 од вкупно 460 пратенички места во Долниот дом.

Изборната комисија претходно објави соопшти дека владејачката партија го изгуби мнозинство во горниот дом на парламентот, Сенатот.

Според Централната изборна комисија, партијата Право и правда освои нешто помалку од 45 отсто од мандатите во 100-члениот Сенат, односно ќе има 49 сенатори, наместо досегашните 61.


Администратор
15/10/2019 01:08