Дел од корисниците од скопските села Глумово, Сарај, Шишево, полициската станица во селото Глумово и фирмите „Адриус" и „Бис-Оил" во Општина Сарај утре од 9 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 14 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците околу главниот влез на фирмата „Фруктал" во село Студеничани, Општина Студеничани.

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „1513" во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.

Од 9:15 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Горно Соње, воениот објек во Горно Соње и месноста наречена Коштан, Општина Сопиште.

Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат корисниците од улицата „Ганчо Хаџи Панзов". Општина Центар.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот.


Администратор
14/10/2019 10:40