СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф. (44) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, поранешен В.Д. директор на АД „Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско – Липковско поле“ – Куманово, за себе и за уште една вработена, во периодот од 2013 година до ноември 2017 година, во неколку наврати ги покачил месечните примања со што оштетил претпријатието за сума од 861.400 денари.

Пријавениот, исто така, ги злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што вработената со спогодба била преземена од работно место инженер за одржување во сектор експлоатација и одржување и унапредена на работно место раководител на сектор за одржување, спротивно на правната регулатива и без распишување на оглас од страна на АД „Водостопанство“.


Администратор
10/10/2019 01:07