Во акциска контрола за техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, полицијата открила 37 прекршоци, најмногу кај автобуси и такси-комбиња.

Во вчерашната акција вкупно биле контролирани 95 возила (во Тетово 65 и Гостивар 30), кај кои откриени се вкупно 37 прекршоци (Тетово-16 и Гостивар-21).

– Шеснаест од контролираните возила имале неисправни сопирачки (Тетово-11 и Гостивар-пет), три неисправни други уреди (Тетово-1 и Гостивар-2), четири со истечена регистрација во Гостивар, кај 12 со неизвршен технички преглед (Тетово-четири и Гостивар-осум), а на две возила им недостигала опрема, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Откриените прекршоци заокружени се со 37 прекршочни платни налози и четири барања за поведување на прекршочна постапка, додека 22 возила веднаш се исклучени од сообраќај. При вчерашната контрола, исто така, констатирани се и четири други видови прекршоци.


Администратор
09/10/2019 23:12