Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше во посета на Свети Николе. На својот фејсбук тој оттаму порача дека граѓаните на овој град во срцето на Македонија се разочарани од актуелната власт од причина што буквално ништо не е исполнето од ветувањата на власта за да го подобрат нивниот живот.

- Бев во Свети Николе, преубав град, но со малку останата надеж дека може да биде подобро. На овие луѓе премногу долго им било ветувано дека ќе биде подобро, но нема ништо од тоа. На Македонија и треба надеж, но пред се обнова која ќе донесе подобро утре и подобра иднина за сите. Таа обнова ќе ја донесеме и за таа обнова ќе се бориме заедно. И заедно ќе ја поразиме оваа каста на власт, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


Администратор
21/09/2019 00:03