Според извори од дипломатските кругови се погласни се информациите во врска со изразеното отворено незадоволство на Стево Пендаровски кон сите до кои допира аферата Рекет, вклучително и кон Зоран Заев. Дипломатите со кои разговарал Пендаровски биле уверувани од претседателот дека иако Заев и останатите високи партиски функционери се дел од корупцијата во Рекет, сепак СДСМ сеуште има капацитети да ја води Владата. Освен во дипломатските кругови, ова стојалиште е пренесено и во престолнините на земјите со кои кабинетот на Пендаровски соработува политички, воено и безбедносно.

Зоран Заев уште од средината на месец август знае за овие стојалишта на Пендаровски и неговите сорабoтници, кои ги потврдил од најмалку два различни дипломатски извори, но, засега молчи и не превзел никакви понатамошни чекори. Од друга страна пак, Пендаровски, преку еден од своите советници, бивш висок македонски дипломат, започнал широка негативна кампања и против министерот за надворешни работи Никола Димитров. Плановите за дискредитација на Димитров, доколку Македонија не добие датум за преговори во октомври, биле дебатирани дури и на некои од потесните колегиуми и брифинзи на најблиските соработници на Пендаровски. Како можна причина за оваа кампања против Димитров од Вила Водно, дипломатите покажуваат кон заменичката на Заев, Шекеринска, која во моментов е личноста која од СДСМ има најголемо влијание врз Пендаровски. Од друга страна пак, Пендаровски ја посочувал токму Шекеринска пред дипломатите како можна алтернатива на корумпираните од аферата Рекет. Иако Заев во моментот е преокупиран со контрола на Рускоска и Јовески за аферата Рекет, сепак и самиот е свесен дека оваа византиска игра во неговиот дворец може да прогресира во непосакуван правец од повеќе причини од кои најбитната е дека Пендаровски за разлика од него има време да ги прима и да ги "третира" сите од највисокото раководство на Заев кои на еден или друг начин се чувствуваат запоставено. Се чини дека во оваа латентна состојба во најлоша ситуација се наоѓа токму Никола Димитров кој сепак оставен сам да се снаоѓа во СДСМовската бара со крокодили. Свесен за оваа ситуација не се ни спротивставува за партиските и етнички војници на СДСМ кои се праќаат на дипломатски мисии без никакви критериуми за кои инсистираше токму самиот Димитров.

Аферата Рекет ги измести од темел односите помеѓу сите погореспоменати актери, кои свесни за погубниот карактер на оваа афера се чини како да сакаат да се што подалеку еден од друг. Иако во моментот Заев се чувствува комотно, имајќи ги на своја страна "безбедњаците" како Оливер Спасовски, Зоран Верушевски, Виктор Димовски и дуетот Ременски, сепак никој од нив ни приближно не е во можност да го брани пред странците како што можат Пендаровски и Димитров, а кои очигледно не се баш најрасположени за такво нешто.

Главната и единствена цел на Заев во моментов на меѓународен план е да ја (раз)убедува меѓународната заедница дека тој не е дел од Рекет со цел да не дојде до барање за предвремени избори. Прогресијата на случајот Рекет работи против овој негов интерес со оглед на фактот дека случајот веќе го урна и неговото политичко чедо СЈО и неговиот најдобар ловен загар на политички конкуренти, Катица Јанева. Иако сега грчевито се бори за контрола на Јовески и Рускоска, Заев и без подривањето ножиња во грбот од Пендаровски и Димитров ќе се соочи со моментот кога веќе нема да биде во состојба да ги лаже странците дека и овојпат е невин. Откако преку сегашните негови верни чувари, Рускоска и Јовески, странците ќе се осигураат дека во Рекет не се компромитирани нивни интереси, токму Рускоска и Јовески ќе бидат тие што ќе мораат да го осомничат Заев за глава на октоподот во Рекет. Доколку тоа не се случи, тие двајца ќе ризикуваат да се заедно со него, Катица и останатите на обвинителната клупа по промената на власта, која, патем, ќе биде неминовна после обзнанувањето на најмрачните тајни на Заев по однос на Рекет. Кога тоа ќе се случи, Пендаровски сам ќе си се замолчи бидејќи во кампањата се самопрогласи за 102.5% ист со Заев, а Димитров ќе биде далеку одлетан од Скопје со некој нов консултантски ангажман.


Администратор
18/09/2019 15:13