Остварена нова средба помеѓу сопствениците на викендици во туристичка населба Суви Лаки, и претставници на општина Берово. Градоначалникот Звонко Пекевски кој присуствуваше на настанот, истакна дека цел на разговорите била динамиката на решавање на комуналните проблеми во населбата.

-Во насока на подобрување на јавната чистота, постигнат е договор за подигање на смет и од 1 октомври, жителите ќе добијат нова услуга, ќе се пристапи кон поставување на контејнери, на одредени локации, истакна Пекевски.

Како што дополни како најприоритетен проблем за решавање во оваа населба е подобрување на водоснабдувањето.

-Тука исто ќе ја напоменам и легализацијата на земјиштето, откупот на градежно земјиште, а секако наш приоритет како општина е решавањето на проблемот со осветлување на регионалниот пат, кој е под надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта, а кој е единствената асфалтирана површина во населбата, дополни Пекевски.

Ваквите средби, како што дополнија од Општината, ќе продолжат и во останатите населени места во Беровско, се со цел решавање на проблемите на граѓаните.


Администратор
17/09/2019 16:06