Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција Претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на власта и премиерот Зоран Заев од исклучително значење им е Вилма Рускоска за да можат да продолжат со чипирани судски нарачки.

- И да немаме договор и да нема нов закон, што ги спречува денеска помошниците на притвореничката да ги достават тие материјали до Јовевски. По кој закон се они спречени, можат веднаш да ги достават и тоа веќе еднашка се има случено за предметот Шпански скали каде што СЈО констатирало дека нема случај, а Вилма Русковска стави во притвор бидејќи доби чипирана нарачка, 11 лица во притвор 90 дена меѓу кои и член на ИК на партијата и член на ЦК на партијата. Што ги спречува сега да ги однесат?, истакна Мицкоски.


Администратор
11/09/2019 15:24