Луѓето кои немаат приходи, а имаат потреба од лекување да се пријавуваат за адекватна помош во Центрите за социјална работа со што потоа се ослободуваат од партиципација во здравството. Така социјалните и здравствените сервиси се координирани на национално ниво за да се обезбедат граѓаните кои се без егзистенција. Ова беше одговорот министерката Мила Царовска на новинарско прашања за семејство од Тетово кое се соочува со потешкотии во лекувањето поради немање приход.

-Оние што се корисници на минимален адекватен приход или поранешна социјална помош, во законот сега опфатена како гарантиран мининимален приход се ослободени од партиципација како нивните деца така и возрасните. Тоа е во програма на Министерството за здравство. Ние сме целосно во координација затоа што здравствените и социјалните сервиси целосно се се испреплетени на локално ниво. Сите оние лица кои се материјално депривирани или материјално оштетени, немаат приходи, немаат финансиски средства ги повикувам да се обратат во центар за социјална работа да обезбедат гарантиран приход кој што сега е доволен за минимум услуги да се обезбедат во семејството. Тоа се детски додаток, образовен додаток, гарантиран приход и во моментот кога ќе ги обезбедат овие права тие добиваат и бесплатна ослобoдени се од партиципација за специјалистички консулатативни и сите други здравствени прегледи меѓу кои и болничкото лекување. Тоа е регулирано во програма со Министерствотo за здравство, рече Царовска.

Министерката потенцира дека во изминатите 2,5 години Владата прави напори да се вработат луѓе во Центрите за социјална работа кои на терен ќе ги регулираат ваквите проблеми на граѓаните.

-Има лица кои ќе ја запознаат средината и дневно ниво ќе бидат во комуникација со граѓаните. Социјални политики може да бидат најквалитетни кога се блиску до граѓаните. Имаме вработувања низ сите центри низ Македонија имаме повеќе од 200 вработувања самно во Центри за социјална работи и над 1200 вработувања во градинките за 2,5 години од почеток на мандатот. Затоа што утврдивме дека недостасува кадар. Ако имате немате доволно кадар нема да има квалитетна услуга. Ако се обрати граѓанин до Министерството ние тоа сме го опслужиле,потенцира Царовска.


Администратор
11/09/2019 15:05