Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд.

Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.

Точката за разрешување на Вангеловски Судскиот ја разгледа зад затворени врати.

Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии.

На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран Фаик Арслани


Администратор
10/09/2019 17:02