После 5,5 години искуство во основното училиште Јордан Хаџиконстантинов – Џинот останав на улица, со невработен сопруг у две деца, под кирија, раскажува за ТВ Алфа, наставничката Даниела Тумбова од Велес. На 2-ри септември кога дошла на работа, била повикана од в.д. директорката која и соопштила дека договорот и истекува и повеќе нема потреба од неа. И рекла оти 5-тата година на нејзиниот клас ќе ја води друга наставничка, а како образложение и било кажано дека нејзиното одделение ќе се спои со уште едно и повеќе немале потреба од нејзе. Но тоа не било вистина.

-Јас имам 5,5 години во ова училиште искуство, а 7 во образование, на исти работни задачи, на исто работно место. Ме уверуваа дека 1 и 5 одделение ќе бидат само 3 паралелки, оти јас водев 5то одделение, но не беше точно, оти гледам дека моите ученици добија наставничка која си го продолжила работниот век да не оди во пензија, раскажува Тумбова.

Не гледа светла иднина за себе и своето семејство.

-Државата ни оди во неубава насока, јас невработена, сопругот невработен, две деца, под кирија и не знам навистина како да сврзам крај со крај, додава Тумбова.

Според тврдењата на Тумбова, градоначалникот на Велес Аце Коцевски, на вработените во тогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот им ветил дека никој нема да остане без работа но по извесен период се случило токму спротивното. Алфа побарала став од надлежните: градоначалникот на општина и до основното училиште Благој Кирков, кое сега ги обединува училиштата ЈК-Џинот и Панко Брашнаров, но се уште нема одговор зошто наставничката Даниела Тумбова е избркана од своето работното место.


Администратор
09/09/2019 21:54