Шведскиот суд, кој одби да го екстрадира Дејан Давидовски, индиректно потврди дека одбраната на осудените на вкупно околу 200 години затвор, биле и се во право: луѓето што одговараат за тероризам се неосновано осудени. Ова е оценка на адвокатот Ѕвонко Давидовиќ кој е дел од одбраната на Давидовски.

-Шведскиот суд смета дека се работи за политичко кривично дело, за што нема да изврши екстрадиција на Дејан Давидовски – Дешо. Во одлуката шведскиот суд образложува што е по негово мислење политичко кривично дело, дека е ова знак на револт искажан при изборотна претседателот на Собрание, кој требало да се спречи од некоја група на луѓе. Она што нас не тангира е тврдењето дека не постои терористичко здружување што ние го зборувавме во текот на постапката, навистина било така. Евентуално може да се работи за некои други кривични дела. Бевме сведоци на насилството и од тоа никој не бега, но тоа може да биде акт на насилие, учество во топла, а не кривично дело терористичко загрозување, вели Давидовиќ .

Според него, јавноста сведочи дека во земјава не функционира правниот систем.

- И сега имаме ситуација кога дел од учесниците беа амнестирани, и сега се пратеници, седат дома, добиваат тендери , тоа не е правда , тоа не е правичност, тоа не е вистински правен систем, додава адвокатот.

Тој потсетува дека е поднесена жалба до Апелација во врска со казните на сите осудени, но се уште не е расправано на јавна седница.

-Казните за луѓето осудени на вкупно околу 200 години затвор се многу високи. 15 години, или четвртина од својот живот треба да помине во затвор конкретно Душко Лазаров, кој бил во оперативниот штаб на 27 април, односно не ни бил блиску до Собрание . Навистина е нон сенс и апсурдно, нагласува адвокатот.


Администратор
07/09/2019 00:33