На западното крило од средното училиште ,,Јосиф Јосифовски" во Гевгелија се доградени дваесетината нови училници, со кредит од Светската банка во висина од 34 милиони денари и 5,7 милиони денари од општинскиот буџет.

– Со реализацијата на овој проект, новите училници распоредени на приземје и два ката, ни овозможуваат во учебната 2019/20 година да изведуваме настава во една смена и голема енергетска заштеда, изјави денеска директорот на училиштето Цветан Нелоски по извршениот технички прием.

Нелоски информира и дека по завршувањето на новите училници, во гевгелиската гимназија продолжуваат градежните работи и за реконструкција на угостителскиот дел и ресторанот, што се изведуваат со сопствени средства во висина од 28 милиони денари, кои училиштето ги обезбедило од блок дотации во изминативе осум години.


Администратор
23/08/2019 13:46