Маж во своите 70-ти, беше каснат од крокодил за време на традиционалната забава на ракови во аквариумот Скансен во Стоцкхолм, Шведска. Крокодилот некогаш му припаѓал на покојниот кубански лидер Фидел Кастро, јави Би-би-си.

Всушност, ова е еден од двата крокодила кои Кастро му ги подарил на рускиот астронаут Владимир Шаталов во 1978 година.

Шаталов потоа ги одвел во Москва, а подоцна – кога станале преголеми и опасни, ги подарил на московската Зоолошка градина. Во 1981. тие се пренесени во шведскиот аквариум кој имал подобри услови за чување крокодили. Крокодилите се викаат Кастро и Хилари.

Јонас Валстром, директор на аквариумот, изјави дека гризнатиот човек држел говор кога се случил инцидентот, при што стоел на ѕидот. Во еден миг, тој „ја ставил раката на погрешната страна на сигурносното стакло”, како што стои во полицискиот извештај.

Никогаш претходно не е забележан ваков инцидент.

– За среќа, на свеченоста беа присутни три лекари, кои се погрижија за повредениот и му го запреа крвавењето, додава Валстром.

Човекот потоа со итна помош е пренесен в болница.


Администратор
22/08/2019 16:37