Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, во реакција на средбата помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот државен секретар Мајк Помпео, оцени дека американскиот дипломат го охрабрил Белград да се фокусира на продолжување на преговорите со Приштина со цел да се дојде до сеопфатен договор на нормализирање на односите, кој според него, би резултирал со меѓусебно признавање.

Пацоли преку Фејсбук истакна дека Помпео нагласил дека Србија треба да избегнува провокации што го попречуваат процесот на нормализација и да се ангажира во духот на компромис и флексибилност, неопходни за постигнување договор.

Пацоли, исто така, му се заблагодари на Помпео за неговиот принципиелен став за поддршка на Косово.


Администратор
22/08/2019 10:17