Новото засилување на Фиорентина, Франк Рибери ја даде својата прва изјава пред навивачите откако го потпиша неговиот договор. Францускиот ветеран ги искористи социјалните мрежи за да го изрази своето огромно задоволство од договорот.

По 12 сезони, исполнети со слава и трофеи во Баерн Минхен, 36-годишниот докажан борец тргнува кон друга авантура на највисоко ниво. Неговиот договор со „виолетовите“ ќе биде со мандат од 2 години, а веднаш штом ќе пристигне, го доби бројот 7, кој останува засекогаш во срцата на сите навивачи на Баерн.

„Здраво, Фиорентина. Започнува ново поглавје за мене и моето семејство. Се чувствувам благословено што потпишав нов договор во голем клуб и голем град. Со нетрпение ја очекувам иднината со моите нови соиграчи и сите фантастични навивачи тука“, напиша Французинот на Твитер.


Администратор
21/08/2019 22:25