Уапсениот македонски водител Бојан Јовановски, познат како Боки 13, земал 20 милиони евра во кеш со рекетирање на многу бизнисмени и компании, пренесува Курир.рс.

Параван му била хуманитарна фондација кој тој ја основал, а во неговите валкани работи бил вклучен и самиот државен врв на Македонија, открива изворот на српски Курир близок до македонските власти.

Боки 13 отворил хуманитарна фондација со помош на врски од владата и од Специјалното обвинителство, а тогаш започнал по ред да ги рекетира. Од еден земал 750 000 евра, од втор 350 000 евра, а од трет 250 000 евра. Со тек на време стигнал до 20 милиони евра во кеш, наведува изворот на Српски Курир.

Се додава дека не секогаш можеле да го оправдаат потеклото на парите, па затоа ги префрлале на сметки на стари жени, најчесто инвалиди, кои во замена за услугата добивале мали проценти, наведува изворот за Курир.

Дека била изрекетирана сума од околу 20 милиони евра пишуваше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во својата најнова колумна за весникот Независен.

- Разврската на настаните околу случајот на рекетирање на македонски бизнисмени и злоупотреба на Специјалното обвинителство во спрега со партијата СДСМ и Зоран Заев не е ни во првата фаза. Јавноста со право очекува многу одговори и брза истрага. Власта и Заев со цел да се спасат одолговлекуваат и ќе направат сè да поминат со што помалку штета, но вистината ќе излезе на виделина.

Она што ќе излезе, а сакам со вас да го споделам, е дека не еден, туку многу македонски бизнисмени се рекетирани, а вкупната сума на побарани средства и добиени надминува 20 милиони евра. Тоа била една детална операција сработена од врвот на СДСМ во која овие што сега се обвинуваат, како и специјалната обвинителка, се само дел од извршителите. „Проектот“ бил долго и систематски подготвуван и имал за цел сериозна имотна корист за врвот на СДСМ преку злоупотреба на правосудниот систем. Во овој момент голем дел од бизнисмените се под директна закана на власта на Заев и се плашат јавно да проговорат. Исто така, се плашат да говорат и пред обвинителството кое ја води истрагата, но со промената на власта и ослободување од стегите и притисоците ќе проговорат и овие луѓе за тоа со што се соочиле да ги изгубат слободата, бизнисите и семејствата, пишува Николоски.


Администратор
16/08/2019 19:39