Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети упати обвинувања до премиерот Зоран Заев за наводен притисок од страна на премиерот за влијание врз членови на судскиот совет за разрешување на претседател на суд, пренесе Телевизија Сител.

„Премиерот Заев телефонски бараше од мене да влијаам врз членови на судскиот совет за разрешување на претседател на еден суд во државата. Откако го одбив, Државната Комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за дивите платформи на Матка.“ - вели Беџети.

Според градоначалникот на Сарај, постапката од антикоруоционерите ја сфаќа како директен притисок врз неговата работа. Исто така тој дополни дека имал и предлог од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да биде урната само една од дивите платформи, а останатите да продолжат да се градат. Беџети најави дека ќе поднесе кривични пријави против членовите на Антикорупциска за злоупотреба на службената положба и овластување.


Администратор
13/08/2019 14:05