Народната банка објави нова информативно-едукативна брошура „Запознајте ја Народната банка на Република Северна Македонија“, што содржи низа информации за работењето на централната банка и за нејзините основни цели и задачи, како и објаснување по што таа се разликува од другите институции.

Брошурата нуди краток и едноставен приказ на работењето на Народната банка, ставајќи акцент на сите постојни можности за отвореност на институцијата и информирање на населението. Во неа се опфатени значителен дел од активностите на Народната банка, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и мноштво интересни факти се обезбедува поголема информираност на јавноста за различни аспекти од нејзиното работење.

Публикацијата е наменета за пошироката јавност и е достапна во електронски формат.

Објавувањето на брошурата е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите за унапредување на транспарентноста во нашето работење, порачуваат од Народна банка.


Администратор
13/08/2019 12:46