„Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, оваа изјава наводно ја кажал Бојан Јованоски кога бил приведен и испитан во полициската станица, а објави српски Курир како насловна страна за утрешното издание.

Според Курир, целосната изјава на Јованоски гласела: „Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“.

Вчера беше објавено ново 12 минутно видео во кое се слуша како разговараат Бојан Јованоски и Орце Камчев, а потоа Јованоски и го дава телефонот на Катица Јанева која го уверува Камчев дека се ќе биде во ред.

Фото: Српски Курир


Администратор
10/08/2019 10:34