Мексико е еден од најважните партнери на Соединетите Американски Држави во зголемувањето на просперитетот и безбедноста на нашите земји и целиот регион, напиша на Твитер американскиот државен секретар Мајк Помпео, на крајот од неговата посета на земјата.

Тој наведе дека САД и Мексико делат многу повеќе од граница и оти во разговорот со мексиканскиот министер за надворешни работи Марсел Ебрард биле потврдени демократските вредности и културните врски на двете земји.

Ебрард изјави дека Помпео го препознал „значителниот напредок во операциите на Мексико насочени кон намалување на приливот на мигранти во САД“, што е во согласност со договорот меѓу двете земји.


Администратор
22/07/2019 11:26