СДСМ не може да ја одредува судбината на СЈО смета универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Според него обвинителството не може туку така да се уфрли во друго обвинителство оти за него постои посебен закон и цел на постоењето. Оттука смета тој, една партија не може да решава за СЈО „како ќе и текне“.

-Законот за СЈО е „Лекс Специјалис“, донесен во специјална постапка и самиот закон ја предвидува целата процедура за негово гаснење. Проблематично е и правно и политички дали може една политичка опција, без политички консензус во собранието, да го трансформира СЈО во обично обвинителство. Замислете, на една партија не и се допаѓа СЈО и го прави редовно обвинителство. Не е во ред една политичка елита да ја одредува судбината на едно СЈО кое е формирано за да се бори токму со таа елита. И не може премиерот да одредува наследници на тоа обвинителство кое треба да се бори против политичката елита на власт, смета Калајџиев.


Администратор
22/07/2019 01:25