Обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, рече дека согласно Законот за СЈО, сите одлуки и списи кои излегуваат од јавното обвинителство, единствено ги потпишува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и во нејзино име кога е отсутна овластени јавни обвинители.

– Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патните исправи. Сите одлуки си ги потпишува и носи Катица Јанева, така е согласно закон. Јас немам законско право да потпишам ниту една одлука, изјави Стефанова.

Во однос на шпекулациите дека имало претрес во нејзиниот дом, Стефановска, рече дека тоа не е точно.

– Не стравувам. Нема зошто да бидам инволвирана, изјави Стефанова, посочувајќи дека за тоа дали треба да стравува обвинителката Катица Јанева треба да се праша лично таа.


Администратор
17/07/2019 01:45