Истрагата за случајот „Империја“ е жива и не се работи за истрага која е затворена, изјави на денешната прес-конференција обвинителката од СЈО, Ленче Ристoвска.

Прашана дали истрагата за случајот „Империја“ е издржана со оглед на случувањата, обвинителката Ристевска, рече дека секоја истрага се отвора кога има доволно основано сомневање дека е сторено кривично дело и дека, овој случај не е исклучок.

– Кога е отворена истрагата верувам дека колешката Стефановска имала основи на сомневање дека е сторено кривично дело и заради тоа и истрагата е отворена. Истрагата треба да продолжи. Да се испитаат сите тие основи на сомневање за да се види дали останува само на основи на сомневање или навистина тука постојат елементи на кривично дело, но тоа треба да го каже натамошниот тек на истрагата. По автоматизам затворање на истражни предмети, затоа што, има некои други индиции во таквите предмети не се случило, истакна Ристевска.


Администратор
17/07/2019 01:45