Жени-фармери од Кочанско, Ресенско, Беровско, Струмичко, Гевгелиско, Тетовско и Скопско денеска во село Будинарци рачно прават јуфки и ги продаваат, а собраните средства ќе ги донираат во Домот за деца без родители и во Домот за стари лица во Берово.

„Јуфкијадата“ со хуманитарен карактер, седми пат, традиционално, ја организира Националната федерација на фармери (НФФ).

-Секоја година во различна рурална средина ја организираме оваа манифестација, а целта е да ја зачуваме традицијата. Денеска во Будинарци се присутни сите членки од Мрежата на жени фармери, вкупно 60. Секоја ги прави јуфките на свој начин, според традиционалниот рецепт од регионот од кој што доаѓа. Јуфките се замесуваат и сукаат исклучиво рачно, вели претседателот на НФФ, Васка Мојсовска.


Администратор
16/07/2019 13:28