Едно шестгодишно момче од Русија успеа без одмор да направи 4.445 склекови за два часа и на тој начин освои стан за себе и своето семејство.

„Чеченскиот Шварценегер” Ибрахим Лијанов, меѓу другото, се впиша и во руската Книга на рекорди.

Новиот дом детето го доби од околниот спортски клуб во којшто Ибрахим секоjдневно тренира со својот татко.

Лани момчето освои и нов „Мерцедес”, откако направи 4.105 склекови.


Администратор
15/07/2019 16:33