Кејт Мери Брнс, новата амбасадорка на Соединетите американски држави по преземањето на новата должност, беше дел од отварањето на 59. „Охридско лето“ завчера на Античкиот театар.

Според фејсбук објавата на амбасадата на САД во Скопје, амбасадорката на враќање кон Скопје била и во Гостивар за да ја проба нивната баклава.

„На пат назад за Скопје, амбасадорката Брнс ја проба познатата Рекорд баклава во Гостивар и смета дека е апсолутно превкусна. Што предлагате амбасадорката Брнс да проба додека патува во Скопје и низ земјата?“, стои на официјалниот фејсбук профил на американската амбасада.


Администратор
14/07/2019 11:50