Одделението за правни работи на ФИНА, го извести претседателот на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), Александар Маленко, дека Управниот одбор на ФИНА на својата седница одржана на 10 Јули 2019 година го прифати и усвои барањето на ПФМ за промена на името, со кое новото официјално име на нашата пливачка федерација ќе биде: Пливачка федерација на Северна Македонија – скратено: ПФСМ.

Федерацијата соопшти и дека обезбедила опрема за сите репрезентативци по потпишаниот договор за спонзорство со компанијата Флагман груп „ФИНИС“, за периодот 2019-2024.

Во меѓувреме, пливачката репрезентација на Македонија е во Едирне (Турција), каде што се завршните подготовки за учество на претстојното Светско првенство во пливање.


Администратор
12/07/2019 14:43