Продолжува тампонирањето на полските патишта на територијата на општина Струмица. По тампонирањето на полскиот пат од населеното место Куклиш кон Сачево во должина од 1.000 метри, се работи во атарот на населеното место Просениково и тоа на два потега во вкупна должина од 800 метри.

Тампонирање денеска почна на полските патишта во село Гечерлија, општина Босилово.Пред неколку денови се тампонираа патишта во селото Моноспитово, а следните денови активноста ќе продолжи и во останатите населени места, информираат од општина Босилово.

-Материјалот, кој што се вградува, е со висок квалитет од каменолом и ќе претставува трајно решение на проблемот со калта и дупките. Со тоа ке се овозможи побрз и поквалитетен пристап на земјоделските производи од нивите до пазарите, додаваат од Општината.


Администратор
12/07/2019 11:52