Хеликоптер на грчката воена морнарица во 13 часот и 35 минути по локално време лоцирала беживотно тело во морскиот дел на Неа Каликратиа на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Се уште нема информации дали станува збор за телото на исчезнатиот рибар по кој потрагата започна вчера попладне околу 18 часот.

Со лоцирањето на безживотното тело, бројот на жртвите од невремето на Халкидики се искачи на седум лица.


Администратор
11/07/2019 15:48