Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска потпишаа Меморандум за соработка околу имплементирање на Законот за употреба на јазиците.

Со Меморандумот, Универзитетот се обврзува да ги редактира правната терминологија и правните акти што се носат во државата, како и да спроведува обуки на администрацијата.

– Потпишуваме спогодба што не е само Меморандум за разбирање, туку и за конкретни активности и ангажмани каде што Универзитетот се става во улога на поддржувач на сите напори што ги прават институциите на Република Северна Македонија, пред се во два аспекти. Првиот аспект е за поддршка на имплементација на Законот за јазиците, за да го вршиме редактирање на сите акти што ќе бидат произведени од институциите, односно од Парламенот и Владата и во тој дел Универзитетот се става целосно во поддршка на оваа активност, но исто времено и да ги мобилизира своите ресурси во тој дел. Втората активност конкретно е во делот на тренизните што треба да ги обезбедиме во сите институции во државата за оспосбување на администрацијата што работи во делот на апликации во ИПА фондови и располгање со сите други можни програми во унапредувањето на процесот на евроинтеграции, изјави ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

Меморандумот во име на Владата и Секретаријатот го потпиша вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи.

– Почестен сум што во име на Владата потпишуваме договор со кредибилна установа како што е УЈИЕ, чии цели се мултидимензионални. Во пресрет на преговорите многу е важно да имаме соработка со институциите кои се расадник на кадри и експерти и да ги вклопиме во нашите потреби во текот на преговорите. Имплементација на ИПА средствата се соочува со предизвици на немање на политика на задржување на кадар со цел максимална апсорпција на средствата кои доаѓаат и тука мислам дека вклучувањето на Универзитетот ќе има дополнителна вредност за нашите апсорпциски капацитети и се разбира клучно во овој дел е поддршката што ја нуди Универзитетот во правилно имплементирање на употребата на законот за јазици, преку нивно учество во редактирањето на правната терминологија и правните акти што се носат во државата. Ова се придонеси во три стратешки и многу важни прашања за државата, кои се предуслов за внатрешната итеграција на заедниците и надврешната интерграција на државата во европското семејство, истакна Османи.


Администратор
11/07/2019 15:38