Македонија поради изгубениот Заев се претвори во загубена држава.

Практичната шега која му ја направија, која што му ја приредија на површина извади сериозни работи на површина. По којзнае кој пат се уверуваме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев не се менува и старите манири од градоначалничкиот кабинет од Струмица сега владеат во кабинетот на Владата на Република Македонија.

Почитувани,

Во разговорот со лажниот Порошенко, Заев открива дека е подготвен да му плати на вселенскиот патријарх 100 илјади евра во кеш.

Комичарот преставувајќи се како Порошенко во еден момент вели дека за признавање на автономност на православната национална црква тој дал поткуп.

„Му дадов донација лично на Патријархот Вартоломеј, му дадов 100 илјади евра, тоа е еден од условите“.- се шегува комичарот во разговорот со Зоран Заев кој што мисли дека разговара со Порошенко.

А, Заев одгoвара, сериозно одговара:

„Да, тоа е многу добро. Нема проблем“. Па вели – „Тоа е многу нормално“, внимавајте Заев за давање на поткуп до Патријархот вели „Тоа е нормално“. Па продолжува – „ОК, ќе биде тоа донација во кеш, нормално ќе го направиме тоа“. Донација во кеш е нормално.

Почитувани,

Ова е целокупната беда на Заев преточена во само неколку минути. Ова го покажува менталниот склоп на аболицираниот Зоран Заев. Тука колку и да сака Заев да се правда со цигли и други градежни материјали, тој зборува и станува збор во разговорот за донација во кеш, во готово. Никој до сега не слушнал дека цигли, цемент и арматура се викаат кеш. Дотолку повеќе што Заев говори дека е нормално да се дава кеш, а натаму уште е среќен што му е даден попуст, пазете попуст па ќе даде само 100 илјади евра.

Почитувани,

Да ја ставиме шегата настрана, да ставиме настрана што открива телефони на американски функционери како да е златна книга, да оставиме настрана што не почитувал никакви безбедносни протоколи, да оставиме настрана што го обработувале речиси цела година, па и самиот им се јавувал, овде се работи за многу посериозен скандал. Ова е класичен обид за корупција за кој што Заев не само што треба да понесе политичка, туку и кривична одговорност.

Срамот кој и го приреди на Македонија станува планетарен. Не е ни чудо што сме најкорумпирана земја во Европа, кога за премиер го имаме Зоран Заев. Оставка од Заев требаше да биде поднесена уште вчера, бидејќи секој поминат ден со Заев на власт се руши се повеќе угледот и позициите на Република Македонија.


Администратор
11/07/2019 15:35