Директорот на грчката новинска агенција АНА-МПА, Михалис Псилос и извршниот директор на грчката телевизија ЕРТ, Јанис Дросос на вчерашната средба со новиот министер надлежен за медиумите и владин портпарол, Стелиос Пецас ги доставиле нивните оставки, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчки владини извори, Пецас им се заблагодарил и побарал од нив да останат на нивните позиции додека да заврши предвидената процедура за избор на нивните наследници.


Администратор
10/07/2019 18:05