Вкупно 27 мигранти вчера биле откриени во товарно возило со кумановски регистарски ознаки на клучката Марвинци, Гевгелиско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, полицајците ги пронашле мигрантите во 18.20 часот на клучката Марвинци, Гевгелиско.

Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.


Администратор
10/07/2019 11:28