Владата на седница го разреши Џеват Исени од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, со што автоматски му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, информираа од Илинденска.

Оваа одлука на владата следува откако медиумите објавија видео на кое се гледа како Исени игра оро на свадбена веселба со пиштол, кој, според него, бил гасен.

Но сепак останува фактот дека е очигледно дека владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ успеала да се договори само за смена на овој директор откако за една недела беше пролонгирана втората метла која треба да ги опфати директорите на јавните претпријатија најверојатно поради коалициски несогласувања. Исени, за време на претседателската кампања јавно даде поддршка на независниот кандидат Блерим Река кој беше поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА.

Инаку, тој периодов го обвинуваше извршниот директор Кристијан Трајковски за неодговорно и незаконско работење.


Администратор
10/07/2019 00:50