Тимот на ЖРК Вардар ќе биде предводен од две дами во новата сезона во женската супер лига. Тренер на екипата ќе биде Драгана Ристова, а нејзин асистент ќе биде Билјана Црвенковска.

Ристова е поранешка ракометарка на Вардар која тука ја заврши играчката кариера по што се посвети на работа со младинските категории. Во кариерата таа има настапувано за екипите на Скопје, Кометал ЃП, Еуростандард ЃП, Будуќност и Металург. Со екипата на Будуќност во сезоната 2009/2010 го освои КПК.

Лани Ристова исто така беше дел од стручниот штаб на Вардар, но мораше да замине бидејќи доби принова во семејството. Сега се враќа но како прв тренер.

Со репрезентацијата на Македонија има настапувано на младински и сениорски ЕП и СП. Има одиграно повеќе од 80 натпревари и постигнато повеќе од 150 гола.

Нејзината соработничка Билјана Црвенковска, лани беше дел од сениорскиот тим на Вардар и соработуваше со Роберто Парондо, стигнувајќи до три трофеи, во СЕХА лигата, ЕХФ лигата на шампионите и домашнот опрвенство.

Црвенковска, исто така, е поранешна репрезентативка на Македонија со интернационално искуство која играчката кариера ја заврши во Вардар, а потоа остана како дел од клубот.


Администратор
04/07/2019 15:43