Факултетот за природни и технички науки од Штип и Институтот за комуникациски студии од Скопје денеска во Штип ќе ги презентираат резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата во скопскиот и штипскиот регион.

Во текот на изминатиот месец, универзитетската лабораторија за животна и работна средина АМБИКОН извршила директни мерења на концентрациите на суспендираните честички во градинки, училници и спортски сали во училишта, на изложеноста на велосипедистите на аерозагадувањето од сообраќајот и на квалитетот на водите и на почвите во урбани, земјоделски и индустриски зони.

Презентацијата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.


Администратор
27/06/2019 10:12