На териториите на општините Валандово, Дојран и Богданци утре почнувајќи од 04:30 часот, во период од пет часа ќе се изврши авионско прскање против комарци.

Од општините упатија апел до пчеларите во наведениот временски рок да ги затворат пчелите и да ги преземат сите превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Препаратот што ќе се користи при авионското третирање на комарците не е штетен за луѓето и водата за пиење и не ја загадуваат почвата.

Во југоиточниот регион, само општина Гевгелија се откажа од заедничкото авионско прскање против комарци заради, според нив, слабиот ефект од него. Досега општина Гевгелија организираше две тереистички прскања против комарци и најави дека секој месец ќе организира по едно тереистичко прскање на своја територија.


Администратор
26/06/2019 19:38