Премиерот не смее ниту како в. д. министер за финансии да ја врши должноста, оти тоа е противзаконски. Имено, според Законот за организација и работа на органите на државната управа, членот 48, став 2 јасно објаснува дека во било кој случај на неможност на министерот заменикот е вршител на должност до следниот избор.

"Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето" стои во членот 48,став 2 од ЗОРОДУ.

Инаку, откако Антикорупциска комисија денеска предупреди дека премиерот не смее истовремено да биде и министер, Заев најави дека нема да се самоназначи за шеф на финансии, ама ќе ја врши должноста. Според споменатиот член од законот премиерот неможе да биде ниту вршител на должност.


Администратор
26/06/2019 16:57