Одлуката на Владата на Македонија за концесијата за рудникот Иловица е една иста во низата до сега такви одлуки. Одлуката е Министерството за економија да ја испита исполнетоста на условите за добивање на дозвола за експлоатација. Таква одлука беше донесена и пред 6 месеци, во јануари и минатата година во април. Единствено различно е што овој пат стои доколку условите не се исполнети, да се одбие барањето за дозвола, реагираат од Коалицијата 02.

Од таму сметаат дека чим досега не се издала дозвола се подразбира дека условите не биле исполнети.

Ако сега условите не се исполнети, не биле ни во јануари, ни лани во април и дозвола не се издала. Три години концесијата е истечена. Услови нема исполнето, ама не се одбило барањето за дозвола две години по ред. Зошто? Министерот за економија е должен со решение да го одбие барањето ако не ја содржи потребната документација. До сега министерот не го одбил со решение барањето за дозвола. Зошто? Кој купува време и за кого? До кога игри без граници? Ќе мора да почнете да си одговарате за вакво не постапување и не носење на решение со кое се одбива барањето за издавање на дозвола. Рудник во Иловица нема да има, ама одговорност мора да има, стои во реакцијата на Коалицијата 02.


Администратор
26/06/2019 02:21